Четири општини заедно ќе нудат можности за инвестиции

Bez autora
Apr 08 2012

Создавањето на единствен шалтер, на кој инвеститорите ќе можат да ги добијат сите потребни информации за водење на бизнис во четири македонски општини, се очекува да придонесе за привлекување на нови инвестиции. За таа цел општините Штип, Струмица, Струга и Велес ќе бидат вклучени во проектот „Бизнис-пријателска сертификација - Меѓународен печат за квалитет за бизнис-пријателски општини“. Проектот ќе помогне за отварање на вратите за сите бизнис можности за кои овие четири македонски општини имаат плодно тло. Нашата цел како министерство е да ги поттикнеме општините да станат препознатливи преку тоа што можат да придонесат за потребите на бизнис секторот и ќе бидат конкурентни со другите општини од регионот, поради што ќе ги модернизираат своите услуги за подобро да одговараат на сегашната бизнис клима.

Четири општини заедно ќе нудат можности за инвестицииСоздавањето на единствен шалтер, на кој инвеститорите ќе можат да ги добијат сите потребни информации за водење на бизнис во четири македонски општини, се очекува да придонесе за привлекување на нови инвестиции.

За таа цел општините Штип, Струмица, Струга и Велес ќе бидат вклучени во проектот „Бизнис-пријателска сертификација - Меѓународен печат за квалитет за бизнис-пријателски општини“.

Македонскиот министер за економија Ваљон Сараќини оцени дека проектот ќе помогне  за отварање на вратите за сите бизнис можности за кои овие четири македонски општини имаат плодно тло.

„Нашата цел како министерство е да ги поттикнеме општините да станат препознатливи преку тоа што можат да придонесат за потребите на бизнис секторот и ќе бидат конкурентни со другите општини од регионот, поради што ќе ги модернизираат своите услуги за подобро да одговараат на сегашната бизнис клима“, изјави Сараќини.

Според министерот со самото стекнување со сертификат општината се заложува за поефикасна и потранспарентна администрација, нешто што е многу важно за секој инвеститор, а е и една од целите на Министерството за економија.

Проектот досега се спроведе во четири земји од регионот, а сега за првпат се вклучуваат Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Најголемо искуство има Србија со 17 сертифицирани општини.

Проектот во Македонија започнува со општините Штип, Велес, Струга и Струмица каде општините се избрани според структура на население големина на општини и регионална поставеност во Македонија а ќе трае 18 месеци.

Идејата на проектот е да се придонесе за подобрување на општинските структури и да им се овозможи на општините имплементација на меѓународни стандарди со цел да се зголеми конкурентноста на локалните бизниси и промоција на општините на национално, регионално и меѓународно ниво.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik